Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Реизборот на Цветковски е удар врз реформите на МРТ

МРТВ
ZNM
среда 14 февруари, 2018среда 14 февруари, 2018/ среда 14 февруари, 2018

Здружението на новинари на Македонија смета дека резиборот на Марјан Цветковски за директор на Македонската радиотелевизија не оди во прилог на реформирање на јавниот сервис и неговото ослободување од политичка контрола. Изборот на Цветковски е резултат на силниот притисок што врз членовите на Програмскиот совет го правеа опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владината ДУИ.

За жал, членот на ЗНМ, кој не го поддржа изборот на Цветковски, не успеа да ги убеди членовите на Советот новиот директор да биде искусен менаџер, кој не е поврзан со ниту една партија.

Потсетуваме дека најмалку четворица членови на Советот кои гласаа за Цветковски, во оваа тело се избрани спротивно на законот. Членот 119, став 1 алинеја 2, од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, вели дека лицата кои во последните пет години биле носители на јавни функции, не може да бидат избрани за членови на Програмски совет.

Го повикуваме Собранието да констатира неспоивост на функции и да ги разреши од Програмскиот Совет на МРТ Јагнула Куновска и Косана Мазнева, поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Агим Љека, поранешен амбасадор и Снежана Клинчарова, поранешен портпарол на општина Бутел.

ЗНМ предупредува дека реформирте во јавниот сервис не смеат да бидат предмет на политички пазар меѓу власта и опозицијата, на штета на јавниот интерес.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: