Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ организираше обука за новинари, адвокати и јавни обвинители

  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
  • 4221
ZNM
вторник 13 февруари, 2018вторник 13 февруари, 2018/ вторник 13 февруари, 2018

Здружението на новинарите на Македонија од 8-10 февруари организираше дводневна обука на тема: „Практиката на Европскиот суд за човекови права и на Јавното обвинителство на Македонија со случаите за медиумската слобода“.

На обуката учествуваа новинари, адвокати и јавни обвинители, и тие имаа можност да чујат за практиката на ЕСЧП и на Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со слободата на говорот, од страна на д-р Мирјана Лазарова Трајковска – поранешен судија во ЕСЧП, Ивана Трајчева – јавен обвинител и Елизабета Недановска – самостоен јавнообвинителски советник за односи со јавноста, а со тоа и да ја подобрат нивната соработка.

Според ЗНМ, овој вид на обуки помагаат да се подобри соработката меѓу новинарите и Јавното обвинителство преку разгледување на предмети поврзани со слободата на говорот во Европскиот суд за човекови права. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, се обрати на учесниците на обуката и истакна дека само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обавуваат новинарската професија.

Во однос на релациите меѓу новинарите и институциите Селмани нагласи дека треба драстично да се промени практиката. „За жал досегашната пракса не е добра. Кога новинарите се на обвинителна клупа, институциите се многу ефикасни во нивното казнување, дури и поддржуваат и непоткрепени обвиненија. Кога новинарите се жртви, тогаш институциите воопшто не постапуваат или и кога постапуваат случаите на новинарите заглавуваат во полициско-обвинителските лавиринти“, истакна Селмани.

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во обраќањето пред учесниците на обуката нагласи дека одбраната на принципите содржани во Европската конвенција за човекови права секогаш треба да биде приоритет во работата и на двете професии, како на новинарите така и на правосудството, бидејќи врз нив се темелат европските вредности.

„Пред нас се исправува Интернетот како нова форма на изразување и информирање, што е особено значајно во слободата на изразувањето и затоа има потреба од новинари кои професионалните активности ќе ги извршуваат согласно етичките норми и кодекси. Секако тука е и потребата од соодветно однесување и на судиите, обвинителите, правниците, инаку стои ризикот таквото информирање да стане џунгла“, рече тој.

Претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер, Давор Пашоски истакна дека Фондацијата е долгогодишен партнер на Здружението на новинарите на Македонија и најави дека во текот на оваа година очекува да се реализираат и други заеднички активности.

Оваа обука беше организирана со помош на Фондацијата Конрад Аденауер, Европската Унија и Француската амбасада во Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: