Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НОВИНАРСКИ НАГРАДИ НА ЗНМ ЗА 2017 ГОДИНА

Награди слика
ZNM
понеделник 15 јануари, 2018понеделник 15 јануари, 2018/ понеделник 15 јануари, 2018

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) распишува конкурс за доделување на две годишни награди за новинари за 2017 година.

ЗНМ традиционално секоја година доделува две награди за новинари, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.

За наградата за животно дело кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. Во пријавата освен личните податоци на кандидатот, се доставува и кратко образложение за остварувањата на кандидатот, што оставиле посебна трага во македонското новинарството.

Кандидатите за годишната награда за истражувачко новинарство се пријавуваат со сериозни и несекојдневни новинарски истражувања објавени во 2017 година, посветени на важни прашања за пошироката заедница. Приказните треба да откриваат злоупотреби на власта и кршење на човековите права и слободи. Тие треба да бидат оригинални поткрепени со факти проверени од разни извори на информации.

Во апликацијата за наградата за истражувачко новинарство еден примерок од приказната се доставува во изворниот формат и две копии.

Апликациите и пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 05 февруари 2018 година.

Апликациите за двете награди може да се достават:

– По пошта, адресирани на Здружение на новинарите на Македонија, Градски Ѕид, блок 13, 1000 Скопје, Р.М.;

– По електронска пошта на: contact@znm.org.mk или

– Лично во канцеларијата на ЗНМ

Пријавите треба да бидат означени: „За НАГРАДА“.

На добитникот на награда за животно дело ќе му се додели плакета, додека за најдобрата истражувачка сторија предвидена е плакета и парична награда во износ од 500 евра.

Изборот на добитниците за животно дело и за истражувачко новинарство ќе го изврши Комисија за доделување на наградите на ЗНМ.

Лице за контакт за информации околу аплицирањето за наградите: Елизабета Столева – 02/ 3 116 447 или на електронска адреса: contact@znm.org.mk

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: