Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Кадровски промени во Програмскиот совет на МРТ

ZNM
петок 5 јануари, 2018петок 5 јануари, 2018/ петок 5 јануари, 2018

Програмскиот совет на Македонската Радиотелевизија избра нов претседател. На последната седница пред новогодишните празници Советот ја констатираше оставката на досегашната претседателка Снежана Клинчарова, а на нејзино место ја избраа Смилка Јанеска-Саркањац.

Професорката на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) Јанеска-Саркањац е член на Советот предложена од интеруниверзитетската конференција.

По изборот на Саркањац, досегашната претседателка Клинчарова во знак на револт усмено најавила оставка од членството во Програмскиот совет.

На истата седница е разрешен досегашниот заменик претседател на Советот Агим Лека, а на негово место е избран членот на Советот предложен од ЗНМ, главниот и одговорен уредник на дневниот весник Коха, Ведат Мемедалиу.

Фото: (www.pina.mk)

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: