Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Потпишан Меморандум со МВР за безбедноста на новинарите

ZNM
петок 29 декември, 2017петок 29 декември, 2017/ петок 29 декември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија и Министерството за внатрешни работи денес потпишаа Меморандум за соработка, во кој централно место зафаќа зголемувањето на безбедноста на новинарите.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, рече дека Меморандумот демонстрира политичка волја од новиот министер за внатрешни работи за институционално да се решат проблемите на новинарите. „Основниот проблем на новинарите во изминатиот период беше нивната безбедност. Овој договор покажува спремност од двете страни за блиска соработка и да ставиме крај на политиката на неказнивост на насилство кон новинари“, нагласи Селмани. Тој додаде дека Меморандумот предвидува изготвување на протокол за известување од настани со висок ризик, кој ќе треба да овозможи на новинарите да ги следат овие настани без да се загрози нивната безбедност.

„Голема важност на нашата идна соработка ќе дадеме на организирање заеднички обуки. Припадниците на полицијата ќе се обучат за важноста на улогата на медиумите во едно демократско општество, кое не може да функционира без  слободни и професионални медиуми. Предуслов за тоа е новинарите да се чувствуваат безбедни во нивната мисија, точно и навремено да ги информираат граѓаните“, рече Селмани.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, истакна дека со овој Меморандум ќе се подобри соработката на МВР и ЗНМ и во иднина ќе се спроведуваат заеднички активности како што се обуки и заеднички кампањи.

„Во минатото бевме сведоци на напади врз новинарите, нешто што не смее да се случува во една демократска земја. Министерството за внатрешни работи ќе направи се за медиумските работници да можат слободно и безбедно да си ја вршат својата работа. Медиумите се столбот на едно демократско општество и тие мора да имаат услови за слободно и безбедно да ја извршуваат својата работа“, истакна Спасовски.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: