Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Работен ручек на ЗНМ со Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние

francuska ambasada
ZNM
понеделник 11 декември, 2017понеделник 11 декември, 2017/ понеделник 11 декември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија минатата недела оствари работен состанок со амбасадорот на Франција, господинот Кристијан Тимоние на кој главна тема беа реформите во македонските медиуми. Раководството на ЗНМ на амбасадорот Тимоние му ги претстави предлозите и забелешките што ги имаше на последниот нацрт-предлог на законската измена што е подготвен од Владата. Исто така, се разговараше и за подобрување на безбедноста на новинарите – која е едно од најважните прашања за кое Здружението се залага.

Во однос на законската регулатива – ЗНМ е концентрирана на неколку клучни работи – долгорочно и одржливо финансирање на јавниот сервис во износ адекватен на неговите вистински потреби, потоа да се избришат казните за етичките начела во новинарската работа и владиното рекламирање, како и да се одбере вистинскиот модел за избор на членовите на управните и советодавните тела на Медиумскиот регулатор и Јавниот сервис. Само на овој начин, според ЗНМ, може да се направат вистински подобрувања на медиумската состојба во Македонија.

Безбедноста на новинарите пак, покрај законските промени, мора да преставува приоритет за новата Влада. Добрата соработка со МВР во изминатиот период, е клучна во решавањето на проблемот со зголемениот број на напади.

На средбата беше усогласен ставот дека, по законските промени, ќе биде потребно фокусот да се насочи на нивно спроведување, како и на зголемување на безбедноста на новинарите и расчистување на сите напади кон нив.

Се разговараше за соработката меѓу ЗНМ и француската Амбасада во Скопје на повеќе полиња. Соработка, од која произлезе публикација за слободата на изразувањето преку праксата на Европскиот суд за човекови права, како и организирање на обуки за новинари, судии, јавни обвинителни и адвокати кои ќе имаат за цел да ги доедуцираат учесниците за судската пракса на ЕСЧП.

Здружението на новинари на Македонија е институционален грантист на програмата на ЦИВИКА Мобилитас.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin