Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ ја брифираше меѓународната заедница за медиумските реформи

slika sostanok
ZNM
понеделник 4 декември, 2017понеделник 4 декември, 2017/ понеделник 4 декември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија денеска организираше брифинг за претставници на меѓународната заедница во Скопје, во врска со медиумските реформи.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани побара од претставниците на меѓународната заедница да ја охрабрат Владата да продолжи со медиумските реформи, кои се еден од клучните приоритети. Селмани нагласи дека Владата треба да ги усвои измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во кој ќе се вградат и клучните забелешки од новинарските и медиумските организации и да ги достават на усвојување во Парламентот.

„Донесувањето на законот ќе помогне да се создадат подобри услови за работа на медиумите и медиумските работници, но длабоки и суштински реформи ќе треба да следат во наредниот период“, истакна Селмани.

Претставниците на меѓународната заедница изразија подготвеност да го помогнат процесот на реформи во медиумите во кои ќе бидат вклучени сите заинтересирани и засегнати страни.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: