Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Владата организира дебата за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Minister-za-informaticko-opstestvo
ZNM
петок 17 ноември, 2017петок 17 ноември, 2017/ петок 17 ноември, 2017

Ви ја пренесуваме пренесуваме интегрално поканата за дебата, во која освен новинарите се повикуваат сите заинтересирани  иституции, здруженија и граѓани да дискутираат за Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Почитувани,

Ве покануваме на јавна дискусија, на која повторно ќе разговараме за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ (свечена сала).

Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.

Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, јавната дебата е отворена за сите заинтересирани граѓани.

 

Марија Теговска, MA

Советник за односи со јавност

Кабинет на министер

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin