Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставници на ЗНМ на средба со амбасадорот Чарлс Гарет

meeting with garret
ZNM
четврток 16 ноември, 2017четврток 16 ноември, 2017/ четврток 16 ноември, 2017

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија вчера се сретнаа со британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, на која се разговараше за безбедноста на новинарите и реформите во медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека најдобар начин да се спречат нови напади на новинари е да се истражат старите, а насилниците мора да се изведат пред лицето на правдата. Селмани изрази разочарување што месецов полицијата без сериозна причина приведе двајца новинари во полициска станица.  Според него, полицијата треба да има поголема доверба во работата на новинарите затоа што нивната професија не е злосторство.

На средбата беше разговарано и за зајакнување на капацитетите на Македонската радио телевизија. „Без политичка и финансиска независност, МРТ нема да ја исполни мисијата како јавен радиодифузен сервис на граѓаните“, истакна Селмани.

Тој исто така, го запозна амбасадорот Гарет со иницијативата на владата да го измени медиумското законодавство. „Очекуваме процесот да биде транспарентен и сеопфатен, во кој преку аргументирана дебата ќе дојдеме до најдобрите решенија“, рече Селмани.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin