Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Трет ден блокиран Фејсбук профилот на ЗНМ

профилна
ZNM
среда 8 ноември, 2017среда 8 ноември, 2017/ среда 8 ноември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија ја известува јавноста дека неговиот Фејсбук профил веќе трет ден е блокиран поради што не сме во можност нашите активности да ги споделиме со сите што не следат на оваа социјална мрежа.

Ова е веќе четврто блокирање во последните два месеци што може да отвори сомнеж дека пријавите до централата на Фејсбук не се случајни и имаат за цел да се сопре известувањето за тоа што го работи ЗНМ.

Сакаме да известиме дека во ниту еден момент и со ниту еден пост Здружението не “провоцирало“ говор на омраза, дискриминација по најразлични основи, повикување на насилство и друго, што може да се види од објавените содржини.

ЗНМ го пријави случајот во Дирекцијата за заштита на лични податоци, од каде добивме ветување дека веднаш ќе ја известат централата на Фејсбук, која треба да го одблокира профилот.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin