Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ испрати претставка до МВР за приведувањето на новинари

основен суд 1
ZNM
среда 8 ноември, 2017среда 8 ноември, 2017/ среда 8 ноември, 2017

Здружението на новинари на Македонија завчера испрати претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР за приведувањето на новинарите Махмути и Ука, кои минатата недела беа бесправно задржани неколку часа во полициската станица „Кисела вода“, поради наводно снимање на судскиот совет за време на изрекување на пресудата за случајот „Диво Насеље“.

Во претставката ЗНМ бара објаснување од полицијата за причините и основот за 6-часовното задржување на новинарите Махмути и Ука.

Освен тоа, ЗНМ бара полицијата да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници да се покренат соодветни дисциплински мерки.

Здружението очекува МВР брзо да ја разгледа претставката и ќе не известат за резултатите од истрага. Претходно, ЗНМ јавно го осуди овој инцидент (http://znm.org.mk/?p=3866)

(Фото: www.vesti.mk)

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: