Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ го осудува приведувањето на новинари во полиција

слика
ZNM
петок 3 ноември, 2017петок 3 ноември, 2017/ петок 3 ноември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија остро го осудува приведувањето на снимателот од ТВ 21 Ибрахим Махмути и фоторепортерот од Косово Бљерим Ука за време на изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“.

Поразително е што ваквиот тежок атак врз слободата на медиумите се случува на 2 Ноември, Mеѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за насилството врз новинари.

Ваквиот однос на институциите е целосно неприфатлив и има за цел да ги заплаши новинарите и да поттикне самоцензура кога известуваат за одредени судски постапки.

Колегите Махмути и Ука, шест часа беа задржани во полициска станица со образложение дека на судењето ги снимале судиите. Од разговорот со нив по нивното ослободување, иритира фактот дека сликањето е само изговор новинарите да бидат испрашани затоа што снимале припадници на полицијата надвор од судската зграда.

Останува дилемата околу тоа дали полицијата имала налог за приведување на колегите затоа што Основното јавното обвинителство вчера не информираше дека не дале налог, додека денеска го тврдат спротивноото. Прашуваме, што придонело да се смени ставот на јавното обинителство?

ЗНМ ќе поднесе претставка до МВР за неоправданото шестчасовно задржување на колегите во полициска станица без да им се даде можност да ја известат редакцијата и нивните семејства дека се приведени. Очекуваме полицијата сериозно да го истражи овој инцидент и да изрече соодветни санкции. Само со отворен дијалог на новинарите со одговорните институции, ќе се промени лошата пракса за неказнување на насилството врз новинари.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: