Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Владата да најде пари за долгот на МРТ кон ЕБУ

MRT_building_Skopje wikimedia.org
ZNM
вторник 31 октомври, 2017вторник 31 октомври, 2017/ вторник 31 октомври, 2017

Здружението на новинари на Македонија ја повикува Владата итно, во најбрз можен рок, да обезбеди средства за подмирување на долгот што МРТ го има кон Европската радиодифузна унија (ЕБУ), кој изнесува околу половина милион евра.

На овој начин ќе се отстрани опасноста Македонската радиотелевизија да биде „отсечена“ од Европското радиодифузно семејство што претставува голем чекор назад во процесот на европските интеграции со кој дополнително се нарушува имиџот на Република Македонија.

Неподмирувањето на долгот значи дека МРТ нема да може да емитува програма од ниту една членка на ЕБУ, ниту спортски натпревари, филмови, странски емисии, цртани филмови, документарна програма. Во моментов, според информациите од централата на ЕБУ, МРТ нема пристап до содржините што се емитуваат преку нивните сервиси.

Реакцијата на ЕБУ според ЗНМ е последица на повеќегодишно недомаќинско работење на јавниот сервис за што треба да се сноси одговорност.

Исклучувањето на МРТ од ЕБУ е резултат на нефункционалниот модел на финансирање на јавниот сервис и на лошиот менаџмент.

Програмскиот совет на МРТ на вчерашната седница донесе заклучок со кој побара од Владата да го подмири долгот на МРТ кон Европската радиодифузна унија.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: