Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Отворен повик за новинарски стипендии во САД

alfred
ZNM
петок 13 октомври, 2017петок 13 октомври, 2017/ петок 13 октомври, 2017

Отворен е повик за новинарски стипендии за млади новинари од Р. Македонија. Седум новинари со најмалку 3 годишно работно искуство, ќе имаат прилика да поминат десет недели во Соединетите Американски Држави.

Стипендијата предвидува 3 неделна обука на престижниот универзитет за новинарство во Мисури, а потоа 6 неделна пракса во најголемите медиуми во САД.

Обуката ги подготвува новинарите, уредниците и продуцентите да практикуваат професионално, етичко и иновативно новинарство во своите редакции.

Крајниот рок за аплицирање е 15 декември, 2017 година, а можат да аплицираат новинари од 25 до 35 годишна возраст кои имаат добро познавање на англискиот јазик.

Овие стипендии се овозможени од Alfred Friendly Press Partners и Американската амбасада во Скопје, а ЗНМ помага во промоција на овој повик со цел истиот да биде дистрибуиран до сите новинари во Македонија.

Повеќе детали во врска со аплицирањето можете да најдете на следниот линк.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin