Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

На настан на АВМУ промовиран е моделот на ЗНМ за финансирање на МРТ

Драган Секуловски ЗНМ
ZNM
среда 27 септември, 2017среда 27 септември, 2017/ среда 27 септември, 2017

Агенцијата за аудио и аудиовозуелни медиумски услуги денес ја претстави анализата на пазарот на радиодифузерите за 2016 година. Анализата констатира видливо намалување на приходите на три национални телевизии, како што се, Сител, Канал 5 и Алфа, додека има благ пораст на приходите кај Телма и Алсат-М.

Директорот на АВМУ Зоран Трајчевски објасни дека намалувањето на приходите за националните телевизии, меѓу другото, е последица на укинувањето на владините реклами.

Во врска со финансирање на јавниот сервис, бројките покажуваат дека лани МРТ собрал околу десет милиони евра од радиодифузна такса и околу пет милиони евра дотации од Владата.

На јавната презентација на извештајот, Агенцијата го посочи ЗНМ како единствен субјект, кој во изминатиот период се занимавал со решавањето на проблемот со финансирањето на МРТ.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски објасни дека единствен начин јавниот сервис да застане на здрави нозе е да се обезбеди годишен буџет од околу 25 милиони евра, со што ќе се зајакне институционалната автономија и уредувачката независност.

Секуловски истакна дека МРТ во споредба со останатите регионални јавни сервиси има десет пати помал буџет, а од друга страна постојано се зголемуваат обврските, како што е отворање на нов канал со 24 часовна програма на албански јазик.

Тој посочи дека јавниот сервис е во големи долгови, неповолна кадровска структура на вработените, непостоење на дописничка мрежа, како и лоша опременост.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: