Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ ја поздравува одлуката на Владата за отвореност на информациите

профилна знм
ZNM
среда 6 септември, 2017среда 6 септември, 2017/ среда 6 септември, 2017

Здружението на новинарите на Македонија ја поздравува одлуката на Владата за обезбедување на бесплатен пристап на новинарите до документите од Централен регистар и Агенцијата за катастар на недвижностите.

Веруваме дека бесплатниот пристап на новинарите до важни документи во земјата ќе го олесни пристапот на истражувачките новинарите до информации од интерес за јавноста, а со тоа ќе се подобри и информираноста на граѓаните.

Сметаме оваа одлука ќе ја зголеми транспарентноста, отчетноста и одговорност на носителите на јавните функции, а воедно ќе влијае и за намалување на корупцијата и на разни форми на злоупотреби на власта.

„Постојано сме инсистирале на новинарите да им се овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер со цел да се поттикне развојот на истражувачкото новинарство кое се наоѓа на маргините на медиумскиот простор“ истакна претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

ЗНМ и во иднина ќе ја поддржи секоја мерка на Владата која оди во прилог на обезбедување поволен амбиент за работа на новинарите.

 

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: