Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на нападот врз екипата на НОВА ТВ

NOVATv12
ZNM
четврток 24 август, 2017четврток 24 август, 2017/ четврток 24 август, 2017

Здружението на новинарите на Македонија го осудува нападот во Скопје врз новинарската екипа на НОВА ТВ, извршен од страна на претставник на граѓанската иницијатива за собирање на потписи против изградба на бегалски кампови во Македонија.

Нападот врз екипата на НОВА ТВ е недвосмислен атак врз слободата на говорот и правото на граѓаните да бидат информирани.

Ја повикуваме опозицијата да го повика членството и своите поддржувачи да престанат веднаш со напади против новинари затоа што политиката на насилство е погубна.

Охрабрени сме од брзата реакција на Министерството за внатрешни работи, кое веднаш го идентификува лицето, го повика на информативен разговор и најави кривична пријава за насилство.

Изградба на ефикасен систем за казнување на секое насилство против новинарските екипи е најдобрата превенција слични инциденти да не се повторат во иднина.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: