Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Анализа за социјалните права на новинарите од Источна Македонија

publikacija
ZNM
среда 23 август, 2017среда 23 август, 2017/ среда 23 август, 2017

„Социо-економската положба на новинарите во Источна Македонија“ е најновата анализа на Здружението Младински клуб – Штип, подготвена од новинарите Тони Михаилов, Игор Стојанов и Иван Бојаџиски, во рамките на проeктот „Мрежа на новинари за медиумските слободи“ на Здружението на новинарите на Македонија, поддржан од Европската Унија.

Во анализата се опфатени околу 60 новинари од Источниот регион, со цел да се дознае состојбата во која работат и живеат новинарите. Истражувањето се фокусира на почитувањето на работните правата на новинарите во медиумите во Источна Македонија.

Истражувачките стории покажуваат дека новинарите во Источна Македонија работат за минимални плати, без можности за годишен одмор, без слободни денови во текот на неделата и дека во најголем дел од медиумите не се почитува законот за работни односи.

Бројките кои произлегоа од анализата се фрапантни. Дури 80% од новинарите земаат пониска плата од просечната плата во Р. Македонија, речиси 75% од испитаните новинари би ја замениле новинарската професија со друга. Македонската телевизија нема ниту еден ангажиран дописник новинар во целиот источен регион, додека Македонското радио има само тројца дописници.

Дел од истражувањето опфати и аспекти на новинарите и невладиниот сектор, односно што може граѓанскиот сектор да направи во насока на подобрување на состојбите со медиумите и новинарите и обратно – како новинарите можат да го поддржат и подобрат цивилниот сектор во земјата.

Целото истражување можете да го погледнете во прилог: Социо-економската положба на новинарите во Источна Македонија

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: