Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Видео-запис за постоењето и развојот на ЗНМ

krop za video
ZNM
петок 18 август, 2017петок 18 август, 2017/ петок 18 август, 2017

Здружението на новинарите на Македонија изготви нов промотивен документарен видео-запис, во кој главен акцент се става на институционалниот развој на Здружението од неговото формирање до денес, како промотор на слобоодата на говорот и професионалните новинарски стандарди.

На видеото може да се проследат изјави на истакнати членови на ЗНМ во врска со успесите и предизвиците на Здружението низ годините како и автентични снимки од протести и настани организирани од новинарите се со цел да се заштитат нивните интереси и да се подобри состојбата со слободата на медиумите.

ЗНМ секогаш било и ќе остане на страната на новинарите и ќе продолжи да се бори за создавање на подобри и побезбедни услови за работа на 
сите медиуми во земјата. Слободата на печатот и застапување и претставување на членовите пред општествената заедница, активното учество при подготовката на законските прописи согласно меѓународните стандарди останува основна мисија на ЗНМ.

Целиот видео-запис можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Овој видео-запис е изработен во рамките на проектот: „Мрежа на новинари за медиумските слободи“. Проектот е поддржан од страна на Европската Унија. Содржината на овој видео-запис е единствена одговорност на ЗНМ и авторите и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: