Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Грантови за новинари за прекугранични истражувања

journalismfund
ZNM
понеделник 7 август, 2017понеделник 7 август, 2017/ понеделник 7 август, 2017

Journalismfund.eu доделува грантови за професионални новинари за прекугранични истражувања. Преку грантовите се поддржуваат тимови на новинари од неколку земји кои работат надвор од нивните земји на заеднички приказни.

Политичарите носат одлуки кои имаат влијание преку границите. Бизнисот и трговијата исто така се одвиваат меѓудржавно. Дури и криминалците воспоставуваат своја мрежа на активности во разни држави. Ако новинарите сакаат да се спротивстават на ваквото влијание, меѓуграничната соработка е една од алатките. За истражување исто како и за објавување.  Токму ова е една од основните цели на ваквиот грант.

На повикот можат да аплицираат сите новинари од Европа (кои се наоѓаат на географското подрачје на Европа). Сите заинтересирани може да аплицираат на следниот ЛИНК.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin