Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ бара казнување на насилството против новинари

IMG_9452
ZNM
петок 21 јули, 2017петок 21 јули, 2017/ петок 21 јули, 2017

Претставници на Здружението на новинари на Македонија денес се сретнаа со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кого разговараа за зголеување на безбедноста на новинарите.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена работа на новинарите и истакна дека владата треба да воспостави ефикасен систем за казнување на насилниците. Со тоа, владата ќе испрати јасна порака во јавноста дека насилсвопто против новинарите и медиумските работници е неприфатливо.

Тој побара МВР да работи интензивно на расветлување на сите 53 напади против новинари, кои се случиле во изминатите пет години.

Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски потсети дека меѓу напаѓачите на новинари има и припадници на полицијата, кои во изминатиот период напаѓаа новинари на протести. Освен тоа, полицајци беа инволвирани и во инцидентите во Собрание од 24 декември 2012 година и упадот на 27 април годинава, кога полицајци физички напаѓале и им се заканувале на новинари.

Беше разговарано и за можноста МВР да води посебен регистар за евидентирање на нападите против новинари, а беше истакната и потребата за подобрување на комуникацијата на полицијата со новинарите во секојдневната работа.

Министерот Спасовски соопшти дека МВР интензивно работи на расветлување на сите наади против новинари и вети дека многу скоро ќе излезе со првичен извештај за досегашната истрага за сите случаи. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се подобри соработката со обвинтелството, кое е клучен актер во водењето на истрагите.

ЗНМ

21 јули, 2017 година

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: