Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Средба на Ванхојте со Новинарскиот форум

  • 3521
  • 3521
  • 3521
  • 3521
  • 3521
  • 3521
  • 3521
  • 3521
ZNM
петок 30 јуни, 2017петок 30 јуни, 2017/ петок 30 јуни, 2017

Здружението на новинарите на Македонија организираше средба за зајакнување на капацитетите за членовите на Новинарскиот форум во Македонија.

Ангажиран како експерт на средбата беше европскиот претставник Питер Ванхојте, кој на средбата ги опфати сите релевантни теми за новинарството во Р. Македонија. Учесниците имаа прилика да чујат за европските практики во новинарството, за европската медиумска легислатива како и за саморегулација во медиумите.

На крај се разви и обемна дискусија за реформите кои треба да се спроведат во нашата држава во однос на Македонската радиотелевизија, Агенцијата за визуелни и аудиовизуелни медиумски услуги, но и за условите во кои приватните медиуми можат најдобро да функционираат.

Ваквите средби се од огромна важност за домашните новинари, бидејќи согледувајќи ги Европските практики се преземаат чекори за нивно имплементирање и во нашата земја, се зајакнуваат знаењата и капацитетите на новинарите и се помага во развојот на независното новинарство.

По средбата Ванхојте и ЗНМ остварија средби и со претставниците на меѓународната заедница, со новинари и со Претседателот на Собранието на Република Македонија.

Оваа активност  беше организирана во рамките на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи“ кој е финансиран од Европската Унија.

 

Здружение на новинарите на Македонија

28.06.2017

facebooktwittergoogle_pluslinkedin