Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ и Ванхојте на средба со премиерот Заев

Zaev-Vanhaute
ZNM
четврток 29 јуни, 2017четврток 29 јуни, 2017/ четврток 29 јуни, 2017

Претставници на Здружението на новинари на Македонија придружени од европскиот експерт Питер Ванхојте денеска се сретнаа со премиерот Зоран Заев. На средбата беше разговарано за ургентните реформи во медиумите кои треба да создадат поволен амбинет за работа на медиумите и треба да го подобрат квалитетот на известувањето на медиумите.

Експертот Ванхојте потенцираше дека Македонија во светот има лош имиџ кога се во прашање слободата на говорот, потенцирајки дека сега е вистинскиот момент на делување на новата влада во правец на подобрување на состојбата.

Тој смета дека веднаш треба да престане насилството против новинарите и злоупотребата на јавните пари од централната и локалната власт за купување на наколнетоста на медиумните пред локалните избори.

Апсолутно е неприфатливо новинар да се држи во притвор три години, рече Ванхојте посочувајќи го случајот на Божиновски.

Освен тоа, тој сугерираше Министерството за внатрешни работи да изготви извештај за сите напади против новинарите и да ги изведе насилниците пред лицето на правдата.

Ванхојте рече дека неговиот предлог за итни реформи е одлична основа за сериозен напредок за подобрување на медиумското законодавство, која ќе ја зајакне независниоста и професионалноста на Македонската радиотелевизија и  медиумскиот регулатор.

Премиерот Заев ја повтори неговата заложба за итни и сериозни реформи во медиумите и укажа дека процесот ќе биде инклузивен. „Нашата цел е да обезбедиме МРТВ да биде кредибилен јавен сервис, професионално работење на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и услови за објективно и непристрасно работење на сите други медиуми, бидејки интерес на сите граѓани е да бидат навремено и точно информирани“, истакна Заев.

Претставниците на ЗНМ ја поздравија подготвеноста на владата да го усвои предлогот за медиумски реформи на експертот Ванхојте, кои исто така се поддржани и од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕММ и ИКС. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани рече дека сега не е време да се експериментира и да се лицитира со разни решенија за медиумите, туку треба да се поддржат законските измени предложени од Ванхојте, а во блиска иднина и да се отвори дебата за долгорочна стратегија за реформи во медиумите. Селмани, исто така, вети дека ќе биде поддржана  владата во  усвојувањето на ветените реформи, но потенцираше дека ЗНМ ќе се спротивстави доколку решенијата што ќе бидат доставени во Собранието излезат надвор од рамките на предлог решенијата на Ванхојте.

29 јуни, 2017

Скопје

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: