Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Обука за новинари за пишување проекти

obuka 06.28.2017
ZNM
среда 28 јуни, 2017среда 28 јуни, 2017/ среда 28 јуни, 2017

Здружението на новинарите на Македонија во рамките на проектот „Мрежа на новинари за медиумските слободи “ организираше дводневна обука на тема: Подготовка на ЕУ проекти.

На обуката учествуваа координатори на регионалните центри како и новинари кои на годишното собрание на ЗНМ ја истакнаа потребата за обука на оваа тема.

За време на обуката учесниците имаа можност да научат како се дефинира тема за развој на проект за специфична донаторска програма, како се прави анализа на главните предизвици и на крај како да подготват апликација за ЕУ проект.

Обуката претставува уште една иницијатива на ЗНМ, преку која излегува во пресрет на колегите новинари сакаат да имаат пристап до европските фондови за реализација на разни идеи што можат да придонесат за зајакнување на слободата на изразувањето.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin