Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Највозрасниот член на ЗНМ го обнови своето членство

new doc 2017-06-16 10.22.23_1
ZNM
петок 16 јуни, 2017петок 16 јуни, 2017/ петок 16 јуни, 2017

Здружението на новинарите на Македонија го доби својот највозрасен член. Коста Крпач, кој бил долгогодишен новинар, уредник, поет и промотор на културата, со своите 90 години го обнови своето членство, а со тоа стана највозрасен член на Здружението на новинарите на Македонија.

Тој својата новинарска кариера ја започнал во далечната 1953 година како одговорен уредник на месечното списание за литература и уметност „Млада литература“. Во меѓувреме соработувал со весниците „Студентски збор“, „Нова Македонија“ и „Вечер“ како и со италијанското списание „Панорама“.

Врската со ЗНМ и поддршката која ја чувствувал од нашето здружение, оставила значаен белег во неговиот живот. Од таму  и желбата за обновување на членството во ЗНМ. На господинот Коста Крпач му посакуваме долго здравје и уште многу години членство во ЗНМ.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin