Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА МЕДИУМИТЕ ЗНМ СО ПОРАКА – МОРА ДА ПРЕСТАНЕ НАСИЛСТВОТО ВРЗ НОВИНАРИТЕ

nikola
ZNM
Friday May 12th, 2017Friday May 12th, 2017/ Friday May 12th, 2017

Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај, беше одбележан со конференција што се одржа во ЕУ -Инфоцентарот во Скопје. Темите за кои се дискутираше на конференцијата, организирана од Делегацијата на ЕК во Македонија, беа – медиумската писменост, лажните вести и нападите врз новинарите.

Евроамбасадорт Самуел Жбогар на отворањето остро ги осуди нападите врз новинарите и известувачките екипи за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април. И побара, институциите брзо да го решат овој случај, а одговорните за нападот – и насилниците и нивните нарачатели соодветно да бидат казнети. Слична порака упати и амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Нина Суомалаинен.

Како и досега, Здружението на новинарите на Македонија и овој пат, потсети дека – прв предуслов за нормализирање на состојбата со медиумите и медиумската слобода е безбедноста на новинарите. Претставникот на ЗНМ Никола Наумовски, на панел-дискусијата потенцираше дека во демократските земји нападот на новинарите е напад врз слободата на изразување, а со тоа и удар по темелот на една демократија. Од 2011 година до денес, се евидентирани вкупно 46 напади, од кои 7 се случија во 2017 година. Вклучувајќи ги последните два атаци со тешки телесни повреди во Парламентот. Дополнително, истата вечер уште дваесетина наши колеги беа предмет на физичко и вербално насилство. Според Здружението, непостоењето на политичка волја за обезбедување услови за слободно и независно новинарство, како и непреземањето обврска за заштита на новинарите, е причина за зголемениот број на напади, особено во последниот период.

ЗНМ остро се спротивстави и на обидот од претставници на сопствениците на медиумите – законската регулација на интернет просторот да се наметне како единствен проблем и единствена тема за дебата

Зборувањето за професионални стандарди, етика, регулација и регистрација на веб-портали, заштита на податоци се секогаш теми за дебата, но во време на изразено насилство кон новинарите фокусот треба да се стави на стопирање на истото, како и прекинување на политиката на неказнивост за таквото насилство.

facebooktwittergoogle_pluslinkedin