Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Европски Парламент: Македонија на дно по медиусмки слободи во Балканот

ZNM
четврток 11 мај, 2017четврток 11 мај, 2017/ четврток 11 мај, 2017

Македонија се наоѓа на последното место на Западен Балкан за почитување на медиумските слободи оценува Истражувачки центар на Eвропскиот парламент, кој во мај годинава во неговата веб страна објави краток извештај за состојбата со слободата на говорот во земјите од Балканот.

Во извештајот, како главни причини за лошата медиумска клима во Македонија се наведени повеќе фактори, меѓу кои се неспроведување на постоечките закони, медиумите во сопственост на лица блиски до власта, зголемено насилство врз новинарите, клиентализмот, политизација и корупција како и недостигот на политичка волја за промовирање на плурализмот во медиумите. Ова се само дел од забелешките во извештајот.

На овој брифинг Европскиот Парламент ги повика земјите пристапнички да создадат поволна клима за работа на медиумите, погодна за објективно и точно известување.

Повикува на проактивна улога на професионалните организации и саморегулаторни тела, подобрување на ефикасноста на судскиот систем, политичка посветеност и поголема улога на граѓанското општество, каде на долг рок сите заедно треба да придонесат за подобрување на медиумската клима.

Во својот извештај Европскиот парламентарен истражувачки центар, се повикува и на истражувањето направено од страна на ЗНМ во рамките на регионалниот проект „Регионална платформа на западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштита на новинарите“.

ЗНМ, 11 Мај, 2017 година

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: