Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Крајно време е да прекине насилството над новинарите!

unnamed (1)
ZNM
петок 28 април, 2017петок 28 април, 2017/ петок 28 април, 2017

Заедничка истражувачка мисија на ECPMF во Скопје, Република Македонија, 25ти-28ми април 2017

 

Би сакале да ја изразиме нашата длабока загриженост по вчерашните физички напади на новинарите во Собранието на Република Македонија.

 

Од почетокот на 2016 година, па се до вчера, од страна на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) се регистрирани најмалку 21 напад на новинари. Овој број е само дел од неколкуте десетина напади во изминативе години. Ова е јасен показател за постојаниот пораст на нападите на новинари.

 

Состојбата со медиумската слобода во земјата е крајно загрижувачка. Нападите на новинарите се директен напад на демократијата.

 

На покана на ЗНМ и Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите и новинарската безбедност, Европскиот центар за прес и медиумски слободи (ЕЦПМФ) спроведе истражувачка мисија во Скопје од 25ти до 28ми април 2017. Делегацијата, во која беа вклучени и Европската Федерација на Новинари (ЕФН), Медиумска организација за Југоисточна Европа (СЕЕМО) и Трансевропската опсерваторијата за Балкан и Кавказ (ОБЦТ), ги истражуваше причините кои доведоа до зголеменото насилство кон новинарите во Македонија, а воедно ги слушна и нивните искуства.

 

Досега, меѓународната делегација спроведе вкупно 13 интервјуа со 15 претставници од неколку медиуми, НВО, Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни Медиумски Услуги и Советот за етика во медиумите во Македонија. Исто така делегацијата се состана и со министерот за внатрешни работи, Г-н Агим Нухиу.

 

Според нашите наоди, меѓу главните причини за зголеменото насилство се:

 

  • Политичката клима, анти-медиумската реторика и поларизација која води кон крајно несигурно опкружување за новинарите.
  • Непостоењето на политичка волја за обезбедување услови за слободно и независно новинарство. Државните институции и политичките чинители не превземаат никакви обврски за заштита на новинарите.
  • Судските органи не превземаат ефективни мерки за да се справат со заканите и нападите на новинарите. Неимплементирањето на законите за заштита на медиумите и неказнивоста на прекршителите ги прават новинарите лесна мета.

 

Долупотпишаните составувачи на соопштението ги осудуваат сите напади на новинарите во Македонија.

 

Сакаме недвосмислено и цврсто да ургираме кај политичките партии и сите релевантни тела и авторитети да ги спречат сите понатамошни напади и да обезбедат сигурно опкружување за новинарите и слободата за изразување. Ги повикуваме судските и сите останати авторитети да престанат со сеприсутната практика на неказнивост.

 

  • Македонските власти мора да спроведат брза и темелна истрага за сите случаи на напади кон новинарите. Политичарите треба да се воздржат од ширење на говор на омраза кој го поттикнува насилството кон новинарите.
  • Да се почитуваат меѓународните конвенции за човекови права и слободата на изразување.
  • Власта и опозицијата мора да ги почитуваат преземените обврски на Македонија за заштита на новинарите и да ја гарантираат слободата на интернетот. Македонските власти мора без никакво одложување да ги спроведат препораките на Комитетот на министри на Советот на Европа за безбедност на новинарите (препорака 2016-4) и за слобода на интернетот (препорака 2016-5) кои се усвоени на 13 април 2016. Според овие стандарди, кое било додатно регулирање на медиумските содржини од страна на државата, е неприфатливо.
  • Македонските авторитети мора да се консултираат за кои било идни реформи во медиумскиот сектор со легитимните национални организации за промовирање на медиумски слободи и независно новинарство: Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

 

Исто така ги повикуваме сите новинари сериозно да ја извршуваат нивната улога на чувари. Ги охрабруваме да ги пријавуваат случаите на напади, закани и вознемирувања и да поднесуваат жалби по истите. Новинарите би требало солидарно да застанат со нивните колеги, да соработуваат и да се подржуваат меѓусебно.   

 

Ние, Европските новинарски организации и организации за медиумски слободи, ги подржуваме наште колеги во Македонија. Ние и понатаму ќе ја набљудуваме ситуацијата, а воедно и ќе го подигнеме нашиот глас за нивна поддршка. Ќе следи детален извештај од истражувачката мисија кој ќе биде објавен во мај.

 

Скопје, 28 април 2017

 

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: