Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Со строги закони не се гарантира слобода на говор

IMG_2314
ZNM
среда 26 април, 2017среда 26 април, 2017/ среда 26 април, 2017

Денеска со нас е Генералниот секретар на Европската федерација на новинари, Рикардо Гутиерез, кој е дојден во Македонија во име на европските новинари да ја осуди ескалацијата на насилството против македонските новинари и да побара од македонските власти да прекине практиката на неказнивост за тоа.

Освен тоа, нашиот колега Гутиерез го замоливме да го сподели со нас европското искуство околу идејата на политичките партии, кои преку нивните експозитури во граѓанскиот сектор во последно време, прават притисок во јавноста за законска регулација на работата на интеренет порталите и регулација на медиумските содржини.

Во саботата Здружението на новинарите на Македонија одржа годишно собрание, на кое освен што беа усвоени извештаите за работата на ЗНМ, новинарите едногласно усвоија и Декларација за лошата состојба со медиумите во Македонија.

Основна порака од декларацијата е дека Македонија е последна земја во Европа за слобода на изразување, не заради отуство на законска регулација на интеренет порталите и медиумските соддржини, туку затоа што новинарите се изложени на жесток приотисок од власта, која користи гола сила и корупција за да ги контролира медиумите и да ја ограничи слободата на говорот.

Новинарите ја осудија политиката на неказнивост на напади против новинари. Бројот на нападите се зголеми минатата година што говори за јасната тендеција за ескалција на насиството. Половина од 45 напади регистрирани во последните четири години се случиле во 2016 година, а само во првите три месеци од 2017 година има нови пет напади. Ги повикавме институциите да ги казнат насилниците, во спротивно тие ќе понесат одговорност за евентуалните последици.

Собранието на ЗНМ јасно се изјасни против законска регулација на интернет порталите и медиумските содржини затоа што сме убедени дека со строги закони нема да ги ослободиме медиумите од контролата на државата. За нас нема дилема – повеќе закони, значи помалку слобода.

Негативните појави во медиумите, како што е говорот на омраза, не се резултат на немање закони, туку поради одбивањето на институциите да ги применат нив. Обвинителството ги одби како неосновани иницијативите на ЗНМ и на АВМУ за санкционирање на говорот на омраза на социјалните мрежи и во медиумите.

ЗНМ со индигнација ја отфрла глупавата идеја за регулација на медиумските соддржини. Секој професионален новинар треба да одбие државата да ја оценува нивната работа како новинари. Во слободниот свет, новинарската етика се решава со саморегулаторни механизми, а не се вмешување на државата, која треба да глуми одговорен уредник на медиумите и да изрекува паричи казни за новинарите кои не работат според нивниот вкус.

Изјава на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

ЗНМ, 26 Април, 2017

Скопје

facebooktwittergoogle_pluslinkedin