Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на нападот врз новинарот Барлакоски

pere-tosev
ZNM
петок 7 април, 2017петок 7 април, 2017/ петок 7 април, 2017

Здружението на новинари на Македонија ги осудува вчерашните закани против новинарот на „Плусинфо“ Божидар Барлакоски, упатени од страна на членови на здружението „Пере Тошев“ од Прилеп, кои се обиделе физички да го нападнат.

Новинарот Барлакоски, кој исто така е од Прилеп, вчера попладне во центарот на Скопје бил пресретнат од членови на зружението и без никаков повод вербално го навредиле со погрдни зборови, „копиле предавничко“, а потоа се обиделе физички да се пресметат со него.

Ваков напад, кога насилници во центарот на главниот град се дрзнуваат да бркаат новинар со намера да го претепаат, сведочи за загрижувачката ескалација на насилство против новинарите.

Хајката на која се изложени новинарите во последните месеци е последица на вониствениот речник што го користат претставниците на досегашата власт и нивни блиски јавните личности и медиуми. Вештачката поделба на медиумите на патриоти и предавници ги претвора новинарите на топовско месо во пресметката на партиите.

Ја повикуваме полицијата да ги открие сторителите на вчерашниот инцидент и најостро да ги казни. Потсетуваме дека државните институции имаат обврска да овозможат безбедни услуви за рабта на новинарите. Секое занемарување на насилството против новинарите, претставува смислен напад врз слободата на говорот и безбедноста на новинарите со цел нивно замолчување.

 

Здружение на новинари на Македонија

07 април 2017 година, Скопје

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: