Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ од Истокот ги врачи наградите за најдобрите новинари

17352448_1424662207607511_9134539940730917912_n
ZNM
вторник 21 март, 2017вторник 21 март, 2017/ вторник 21 март, 2017

Во петокот навечер, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги доделија своите оскари на најдобрите репрезенти од регионот во новинарството, стопанството, здравството, културата, образованието, општествената одговороност, хуманоста, спортот…

Високото признание за посебни остварувања во новинарството добија  Даниела Такева,  новинарка на регионалната ТВ Стар, која е проглесена за најдобар новинар-репортер за 2016 година, како и новинарот Горан Лефков, од истражувачката мрежа Скуп за истражувачко новинарство. Награда за посебни остварувања на полето на хуморот и сатирата му беше доделена на Миле Ѓорѓијоски, кој исто така е член на ЗНМ.

Наградите на добитниците на оскарите им ги предадоа претседателот на ЗНМ Насер Селмани и координаторот на центарот „Исток“, Иван Бојаџиски.

Ова е трета година по ред како регионалниот центар на новинари „Исток“ го доделува ова признание на најдобрите во источниот регион.

ЗНМ, Исток

21 март, 2017

Скопје

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: