Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

МВР го расветли нападот на новинарите на А1 Он

1(10)
ZNM
четврток 9 март, 2017четврток 9 март, 2017/ четврток 9 март, 2017

Здружението на новинари на Македонија денеска го угости министерот за
внатрешни работи Агим Нухиу. На средбата министерот Нухиу го извести
претседателот на ЗНМ Насер Селмани дека полицијарта го расветлилa
сучајот на нападот на новинарите на порталот А1Он, Александар Тодевски
и камерманот Владимир Желчевски, кои на први март беа нападнати од
учесници на протестот организиран од граѓанската иницијатива „За
заедничка Македонија“.

Нухиу во изјава за медиуми соопшти дека полицијата вчера поднелa
кривична пријава против потенциален сторител на кривично дело
насилство, според член 386 од Кривичниот законик и дека во наредните
денови пријавата ќе може да се дополни со други соодветни факти и
докази, кои се однесуваат и на други осомничени.

„Сакам да пренесам порака дека никој не е над законот и дека секој што
се огрешел еден ден ќе сноси одговорност. Ние мора да ги почитуваме
уставните вредности и тука сум да ја продолжиме ефективната соработка
со Здружението на новинарите“, рече Нухиу.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека во Македонија се
воспосавува нова практика, МВР брзо да ги идентификува напаѓачите на
новинарите. „Се надевам дека обвинителството брзо ќе го процесуира
случајот и дека судот ќе го казни напаѓачот на новинарите. „Ова е
многу битно затоа што ако институциите се на ниво на нивната задача ќе
пратат порака до јавноста дека насилството против новинари е
недозволиво и дека секој што ќе се дрзне да ги нападне ќе биде
санкциониран“, рече Селмани.

Селмани од Нухиу побарал МВР да преземе се што е во ногова моќ да ги
расветли и старите случаи на напади против новинари. Освен тоа, на
средбата било разговарано и за идејата полицијата да води посебен
регистар за напади против новинари, кој ќе се води по теркот на
најдобрите европски практики.

„Мора да разбереме дека нападот врз новинари не е напад само врз
граѓанин, туку е напад и против слободата на говорот и правото на
граѓаните да бидат информирани“, исткна тој.

Тој се заблогадари на министерот Нихиу за подготвеноста да соработува
со ЗНМ и за неговиот ангажман за безбедноста на новинарите.

ЗНМ, 9 Март, 2017

Скопје

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: