Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Благодарност до САД за објективниот извештај за медиумите

Untitled
ZNM
среда 8 март, 2017среда 8 март, 2017/ среда 8 март, 2017

Здружението на новинарите на Македонија и се заблагодарува на американската администрација за објективниот извештај со слободата на говорот во Македонија, во кој се констатира дека овие слободи се загрозени поради постојаниот притисок на владата врз медиумите.

Вашингтон ги препознава изворите на кризата во македонските медиуми како што е појавата на неказнивост на насилството врз новинарите и злоупотребата на јавни пари од владата за контрола на медиумите.

Во извештајот Американците зборуваат за зачестените инциденти – од физички напади до смртни закани против новинарите, во кои се вклучени и носители на јавни функции. Загрижува фактот што ниту еден од овие напади не е расветлен досега од институциите.

Посебно внимание во Извештајот се посветува на злоупотребата на јавните пари од владата со цел да се замолчат и инструментализираат медиумите. И покрај мораториумот на владините кампањи во 2015 година, во Извештајот се наведува дека таа мерка не ги опфатила сите јавни и приватни институции поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

За Македонска радио телевизија, се потенцира дека се злоупотребува за промоција на владејачката партија, како дел од координираната уредувачка политика со уште три најгледани приватни телевизии.

Важно место во Извештајот има и системската хајка против новинари од власта, преку тужби за клевета и лустрација. Овој вид на притисок се илустрира со случајот со лустрирањето на главниот уредник на Фокус, Јадранка Костова и тужбата за клевета од ДУИ против главниот уредник на весникот Лајм, Исен Салиу.

Овој извештај е потврда и за релевантноста на ставовите на ЗНМ што постојано ги застапува во јавноста. Тие се широко користени како аргументи во описот на лошата состојба во медиумите.

Целиот извештај на САД можете да го најдете ТУКА.

Здружение на новинари на Македонија

Скопје, 08.03.2017

facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Tags: