Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ: Да не се известува од насилни протести

tepani_novinari_a1_on
ZNM
среда 1 март, 2017среда 1 март, 2017/ среда 1 март, 2017

Здружението на новинарите на Македонија силно ги осудува нападите на колегите од А1Он, новинарот Александар Тодевски и камерманот Владимир Желчевски, кои синоќа беа претепани од учесници на протестот организиран од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Очекуваме МВР брзо да ги идентификува насилниците и да поднесе соодветни пријави, а судот најостро да ги санкционира.

Насилството врз новинари претставува најсериозен атак на слободата на  медиумите и негирање на фундаменталното право на јавноста да биде информирана. Политиката на неказнивост на насилството врз новинари, која власта ја спроведува, ги потикнува ваквите напади.

Го повикуваме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, јавно да го осуди вчерашниот напад врз новинарите и да ги повика неговите приврзаници на протести да не напаѓаат новинари.

Во знак на револт поради зачестените напади ги повикуваме сите новинари да не известуваат од вечерашниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. Во иднина нашиот став во врска со покривање на  овие настани ќе зависи од подготвеноста на организаторите и на МВР да обезбедат услови за работа на новинарските екипи.

Со почит,

Здружение на новинари на Македонија

Скопје, 01.03.2017 година

Фото извор: Телма

facebooktwittergoogle_pluslinkedin