Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставката од Ѓорѓи Угриновски за текстот „Милионските бизниси на вевчанската фамилија“ објавен во Фокус

znm_logoWEB
ZNM
четврток 9 февруари, 2017четврток 9 февруари, 2017/ четврток 9 февруари, 2017

На состанокот одржан на 9 февруари 2017 година,  Советот на честа ја разгледа претставката поднесена од Ѓорѓи Угриновски, сопственик на ВИА ДОО Вевчани, која се однесува на дел од текстот под наслов „Милионските бизниси на вевчанската фамилија“, објавен во 1078 број на неделникот „Фокус“. Автор е новинарот Зоран Милошески.

Од увидот на понудениот материјал е констатирано дека авторот на текстот, Зоран Милошески, најмалку што можел да направи е да побара „втора страна“, односно да го провери она што го напишал во ВИА ДОО Вевчани или диретно кај Ѓорѓи Угриновски. Такво нешто не е направено, ниту тој наведува дека бил спречен да ја провери информацијата.

Исто така, авторот на текстот не посочува никаков извор, на што и не е обврзан (бидејќи немора да го открие својот извор), но само доколку информациите се точни.  Според Угриновски, ниту еден од наводите за кои тој реагира, не се точни.

Новинарот можел да наведе дека станува збор за претпоставки или шпекулации, но и тоа не го направил. Од ова произлегува дека тој тврди нешто за што сопственикот на ВИА ДОО Вевчани вели дека се невистини.

Сето можело да се избегне доколку новинарот во текстот посочил докази дека информациите ги проверил толку колку што е тоа можно, на што е обврзан со Кодексот на новинарите на Македонија.

Советот на честа ги повикува новинарите, вклучувајќи го и авторот на текстот од 1078 број на Фокус да го почитуваат Кодексот кој вели дека треба да се објавуваат точни и проверени информации и дека нема да се прикриваат суштински податоци.

Подносителот на претставката, Ѓорѓи Угриновски, кој тврди дека дел од наводите во спорниот текст се невистинити, можел од Фокус да побара исправка, демант или одговор. Нејасно е зошто не го искористил тоа право. Фокус ќе морал да ја објави неговата вистина. Кодексот ги обврзува на такво нешто кога ќе се утврди дека станува збор за невистини.

09.02.2017 Совет на Честа

facebooktwittergoogle_pluslinkedin