Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставка од академик Синадиновски за „Топ тема“ на Телма

znm_logoWEB
ZNM
четврток 9 февруари, 2017четврток 9 февруари, 2017/ четврток 9 февруари, 2017

Советот на честа ја разгледа претставката поднесена од академик Б. Синадиновски која се однесува на емисијата „Топ тема“ емитувана на ТВ Телма на 10. 01. 2017, во која авторот и водител, Александар Чомовски, го нарекува пратеникот Бранко Манојловски, кој себеси се декларира за православен Албанец,  „некојси Шкрет“. Цитираме: „Али Ахмети за пратеник кандидирал некојси Шкрет – Македонец“.

Советот на честа цени дека во случајот, зборовите на новинарот имаат омаловажувачки призвук, со елементи на  неумесност.

Овде потсетуваме дека Кодексот на новинарите на Македонија обврзува на негување на културата на говорот и етиката и дека непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија.

Истот така, потсетуваме дека Кодексот ги обврзува новинарите на придржување на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија, на непоттикнување на дискриминација по било која основа (национална, верска, расна, политичка…)

Ги повикуваме новинарите да се придржуваат на начелата од Кодексот на новинарите на Македонија.

09.02.2017 Совет на честа

facebooktwittergoogle_pluslinkedin