Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставката од Основен суд Скопје 1 за текстот „Панчевски признава дека го менувал распоредот и за судијката на Груевски поради многу работа“ објавен во СКД

znm_logoWEB
ZNM
четврток 16 февруари, 2017четврток 16 февруари, 2017/ четврток 16 февруари, 2017

Советот на честа нема можност да утврди дали текстот со наслов „Панчевски признава дека го менувал распоредот и за судијката на Груевски поради многу работа“ е корегиран (по интервенција од Судот) и дали има „првична“  верзија, како што тврди подносителот на претставката, Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Текстот против кој е поднесена претставката е објавен на порталот сакамдакажам.мк, а автор е Соња К. Делевска.

Советот на честа смета дека доколку и во „оваа верзија“ на текстот објавен на СКД навистина има невистини и содржини што не ги кажал претстедателот на Судот, Основен суд Скопје 1 можел официјално да побара исправка, демант или одговор. Во претставката нема понудено доказ дека е побарано да се направи такво нешто. Доколку било побарано, медиумот, во согласност со Кодексот на новинарите ќе морал да објави исправка, демант или одговор.

Што се однесува до комуникацијата по смс и вибер, истата ја прифатил и претседателот на Судот, кој на таков начин решил да комуницира со новинарот за работи кои се од јавен интерес. Одоговорноста е поделена.

09.02. 2017, Совет на честа

facebooktwittergoogle_pluslinkedin