Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставката за текстот во Утрински весник под наслов „Не сум виновна, нели мамо“

znm_logoWEB
ZNM
четврток 9 февруари, 2017четврток 9 февруари, 2017/ четврток 9 февруари, 2017

Советот на честа со крајна внимателност ја разгледа претставката поднесена од Ивана Димитровска за текстот со наслов „Не сум виновна, нели мамо“ објавен на 27. 07. 2016 г. во УТРИНСКИ ВЕСНИК, бидејќи навистина станува збор за чуствителна тема, како што е педофилијата.

Во случајот, новинарот Горан Адамовски, искористил објава на фејсбук од мајката на девојчето за да направи текст за настан кој полицијата веќе го обелоденила. Притоа, откривајќи го идентитетот на мајката, индиректно го открива и идентитетот на малолетната жртва.

Овде се отвора дилемата дали постапил правилно, бидејќи според Кодексот на новинарите, тој бил должен да ја почитува приватноста, личната болка и жалост.

Сепак, мајката веќе го направила својот избор кога решила да ја сподели личната болка со своите фејсбук-пријатели, истовремено упатувајќи порака до сите родители да си ги чуваат децата…Истиот пост е искористен и од други новинари и медиуми, кои имаат објавено текстови за грозоморниот настан.

Мајката е контактирана и не сакала да коментира, но постот на нејзиониот фб-профил веќе е објавен. Новинарот обезбедил и други извори за својата информација, што значи дека постапил професионално.

Кај многумина ќе остане дилемата дали требало да се објави идентитетот на мајката, дали се почитувани личната болка и жалост, дали информацијата (не само во Утрински) е ослободена од сензационализам. Но, можеби несвесно, ама сепак, кога мајката решила преку својот фејсбук-профил да проговори за она низ што се минува нејзината ќерка после половиот напад од возрасен човек, личната трагедија веќе ја направила јавна. Овде приватноста се губи.

Тоа што Горан Адамовски текстот го потпишал со своите иницијали, не нарушува ниту еден член од Кодексот на новинарите. Станува збор за новинарска практика која постојано се применува и не мора да значи затскривање од било која причина.

 

09.02. 2017, Совет на честа

facebooktwittergoogle_pluslinkedin