Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Одговор на претставка поднесена од повеќе НВО-и за кажаното од Чилиманов во „24 Анализа“

znm_logoWEB1
ZNM
четврток 9 февруари, 2017четврток 9 февруари, 2017/ четврток 9 февруари, 2017

Новинарот нема да говори со јазикот на омраза и нема да поттикнува дискриминација по било која основа : национална, верска, расна…Ова, покрај останатото стои во членот 10 од Кодексот на новинарите на Македонија.

Разгледувајќи ја претставката поднесена од повеќе невладини организацији на искажаното во емисијата „24 Анализа“ на Телевизијата 24 Вести (емитувана на 13. 10. 2016), Советот на честа смета дека новинарот Цветин Чилиманов постапил спротивно на цитираниот член 10 од Кодексот на новинарите обраќајќи му се на новинарот Сафет Бишевац со зборовите: „Сафет, ти си бегалец, од некоја земја дојден тука, си добил државјанство“.

Ваквата негова постапка има посебна тежина од причина што тој беше дел од адхок-телото за следење на објективното информирање на медиумите во периот од 100 дена пред изборите во декември.

Советот на честа го осудува однесувањето на Чилиманов во „24 Анализа“ и смета дека новинарите имаат обврска да избегнуваат говор на омраза, да ги почитуваат етичките, културните и религиозните различности во Македонија, да го почитуваат угледот и достоинството на професијата, да ги поттикнуваат заемната солидарност и различноста на ставовите.

09.02. 2017, Совет на честа

facebooktwittergoogle_pluslinkedin