Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ЗНМ – Штип: осуда за попречување во работата на новинарката од Канал 77

ZNM
четврток 12 мај, 2016четврток 12 мај, 2016/ четврток 12 мај, 2016

Регионалниот центар на Здружение на новинари од Штип го осудува однесувањето на приврзаниците на ГДОМ, кои ја спречиле новинарката на националната радио мрежа Канал 77 Вања Мицевска да го следи народниот собир на ГДОМ во Штип на 09.05.2016 и да известува за истиот.

Учесници на народниот собир на ГДОМ не и’ дозволиле на новинарката да си ја изврши својата професионална задача, односно да фотографира и да снима од настанот, иако истото не им било забрането (оневозможено) на други новинари. Со висок и заканувачки тон, неколкумина учесници од првите редови на народниот собир, и се обратиле на новинарката Мицевска со зборовите:„Што снимаш, оди си на другата страна“, алудирајќи на спротивната страна од реката Отиња, каде пред општинската зграда во тој момент протестирале приврзаниците на „Шарената револуција“. Иако Мицевска им кажала дека е новинар и им ја предочила својата новинарска легитимација,  тие продолжиле со довикувањата, по што таа му се обратила на еден од полицајците. Мицевска повторно се легитимирала, но полицаецот не изреагирал туку само со гестикулација и’ дал знак да си замине.

ЗНМ потсетува дека новинарите во вршењето на својата работа не смеат да бидат попречувани а претставници на Министерството за внатрешни работи се должни да обезбедат безбедни услови и да ги заштитат новинарите од било која форма на напад вклучително и вербален.

 

Регионалниот центар на Здружение на новинари од Штип

координатор, Иван Бојаџиски

facebooktwittergoogle_pluslinkedin