Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Осуда на полициско насилство против новинари

ZNM
Thursday 14 April, 2016Thursday 14 April, 2016/ Thursday 14 April, 2016

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициско насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред канцелариите на претстедателот Ѓорге Иванов во Скопје. Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот Плусинфо и четворица фоторепортери, Огнен Теофловски од Вест, Наке Батев од Вечер и Борче Поповски од Слободен Печат и Томе Георгиев од Фокус, е напад врз сите новинари и слободата на медиумите.

Професионалните апарати и објективи јасно ги идентификуваат фоторепортерите како новинари на задача. Нападот врз нив е со намера да ги спречи нив да фотографираат кога полицијата интервенира против демострантите. Со насилство против новинари полицијата сака да сокрие од јавноста користење на неселективна и прекумерна сила врз граѓаните. Со тоа полицијата свесно се стави во улога на цензор и да одлучува што смее да се информира од протестот.

Бараме од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веднаш да ги идентификува насилните полицајци и најостро да ги казни.

Досега МВР нема расветлено ниту еден случај на насилство против новинари на протести. Ваквото непрофесионално однесување повеќе не може да биде случајност. Полицијата свесно ги прикриваат насилниците и делуваат како да е надвор од цивилна контрола.

фото: Либертас

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: ,