Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Советот на Честа на ЗНМ се дистанцира од настапот на Латас

znm_logoWEB1
ZNM
четврток 11 февруари, 2016четврток 11 февруари, 2016/ четврток 11 февруари, 2016

И покрај тоа што Драган Павловиќ Латас не е член на Здружението на новинарите на Македонија, Советот на честа се дистанцира од неговото однесување синоќа во текот на интервјуто на ТВ Сител со Зоран Заев, затоа што така ја дискредитира целата новинарска фела и создава искривена слика за неа во македонската јавност.
Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10, 11, 14, 15 и 16 од Кодексот на новинарите на Македонија. Тој зборуваше со говорот на омраза и поттикна дискриминација по национална основа. Според нас, Павловиќ не обезбеди професионална дистанца кон гостинот и настапи пристрасно и неизбалансирано. Латас и сите новинари во Македонија мора да ја негуваат културата на говорот и етиката. Неспоиво со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. Советот смета дека однесувањето на Латас сериозно го наруши угледот и достоинството на новинарството со тоа што го искористи медиумот за лична пресметка со лидерот на опозицијата.
Советот на честа на ЗНМ секогаш ќе инсистира и ќе повикува на почитување на професионалните стандарди и етички вредности и секогаш ќе ги осудува оние што ги кршат, независно на која организација припаѓаат. Почитувањето на стандардите во новинарството и на етичките вредности, претставува интерес на јавноста, слободата на говорот и на новинарството.

Совет на Чест
Скопје, 11.02.2016 година

facebooktwittergoogle_pluslinkedin