Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Членството да се ажурира најдоцна десет дена пред одржување на Изборното собрание на ЗНМ

ZNM
Wednesday 14 November, 2018Wednesday 14 November, 2018/ Wednesday 14 November, 2018

Управниот одбор на Здружението на новинарите на Македонија на вчерашната седница одлучи новинарите што сакаат да присуствуваат на следното изборно Собрание на ЗНМ ќе треба најдоцна до петти декември да го обноват членството со подмирување на членарината. Истиот рок важи и за новинарите што за прв пат сакаат да станат членови на ЗНМ.

Одлуката за ажурирање на членството има за цел да го олесни одвивањето на Собранието затоа што претходно треба да се изготви списокот на членови со право на глас и да се испечати избирачкиот материјал.

Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи на 15 декември во малата сала во Спортскиот центар Борис Трајковски, а на него ќе се бираат раководните органи на Здружението: Претседател, членови на Управен и Надзорен одбор, како и членови на Советот на честа.

Сите заинтересирани новинари за некоја од позициите во раководните органи на ЗНМ треба своите кандидатури да ги достават по електронска пошта или пак лично во канцеларијата на ЗНМ, најдоцна три дена пред одржувањето на Собранието.

Право да избираат и да бидат избрани имаат само редовните членови на ЗНМ што ќе го ажурираат членството до горенаведениот датум. Согласно Статутот на Здружението редовен член може да биде секој новинар што најмалку една година се занимава со новинарство.

По одржувањето на Изборното собрание, обновување на членство или зачленување за прв пат ќе можете да го направите секој работен ден од 9 до 17 часот.

Соопштението за распишување на Изборното собрание можете да го прочитате на следниот линк.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: