Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

ССНМ го поздрави изборот на новото раководство на ЗНМ

ZNM
Tuesday 18 December, 2018Tuesday 18 December, 2018/ Tuesday 18 December, 2018

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) му честиташе и го поздрави изборот на колегата Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ и му посака успешно раководење со организацијата. ССНМ го поздрави и им го честиташе изборот и на сите други колешки и колеги во управните и надзорните тела на ЗНМ, како и во Советот на честа и е сигурен дека со нив ЗНМ добива нов квалитет.

„ССНМ сака да потсети дека не само блиското минато, покажува дека новинарската фела и медиумската заедница, своите најголеми успеси во смисла на остварување на слободата на говорот и слободното дејствување на медиумите во својата јавно корисна работа, ги постигнувале само кога се сплотени во борбата за заедничките вредности, кои се воедно и универзални вредности и дел од основните човекови права и слободи“, се вели во соопштението на ССНМ.

Во ССНМ се убедени дека како и досега, ЗНМ ќе води политика на успешно сплотување на новинарите и на медиумската заедница и дека ќе има успешна соработка во заштита на новинарите и во одбрана на слободата на говорот со Синдикатот.

Од ССНМ му изразија благодарност и на досегашниот претседател Насер Селмани за успешната соработка во борбата за заедничките вредности и му посакаа натамошен успех на професионален и на личен план.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin