Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Распишано Редовно изборно собрание на ЗНМ

ZNM
Monday 15 October, 2018Monday 15 October, 2018/ Monday 15 October, 2018

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, согласно член 37 од Статутот распишa Редовно изборно собрание на ЗНМ.

Собранието, на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ, ќе се одржи на 15-ти декември (сабота) 2018 година во Скопје.

Новинарите што сакаат да учествуваат на изборното Собрание треба да го ажурираат своето членство најдоцна до 12 декември 2018 година.

Кандидатурите за Претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за членовина Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 12ти декември (среда) 2018 година во канцеларијата на ЗНМ испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk

За Претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови.

За членови на Управен одбор, Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 (пет) членови на ЗНМ.

За членови на Советот на честа кандидирањето е можно по принцип на: самокандидирање со поддршка од 5 редовни члена и кандидирање по предлог од најмалку 3 редовни члена.

Сите кандидати треба да ги имаат подмиренo своите обврски кон ЗНМ.

Подетални информации за условите за кандидирање во органите на ЗНМ се достапни во Статутот на ЗНМ, Правилникот за работата на Собранието  кои се во прилог на ова известување.

За било какви прашања може да се обратите во канцелариите на ЗНМ, на е-маил contact@znm.org.mk , или на телефонскиот број: 02/3298-139

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin