Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставници на ЗНМ на средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар

ZNM
Monday 11 February, 2019Monday 11 February, 2019/ Monday 11 February, 2019

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија остварија средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар. На средбата се разговараше за медиумските реформи, за финансиската независност на медиумите, како и за безбедноста на новинарите во Македонија.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека Здружението има одредени забелешки на Изборниот законик и на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, особено во деловите за финансирање на приватните медиуми директно од буџетот на Република Македонија.

На средбата се разговараше и за новиот стратешки план на ЗНМ кој треба да се изготви во наредниот период, а стана збор и за изборот на членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Програмскиот совет на МРТ, како важен сегмент од спроведувањето на медиумските реформи.

Чадиковски се заблагодари за поддржката која ја дава Делегацијара на ЕУ на Здружението на новинарите на Македонија и информираше дека во периодот што следи ЗНМ ќе работи на обучување на млади новинари, поттикнување на дописничка мрежа, како и градење на соработка со сите надлежни институции кои влијаат на подобрување на безбедноста на новинарите.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: