Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Претставена „Компаративна анализа на политичкото рекламирање во медиумите“

ZNM
Friday 28 December, 2018Friday 28 December, 2018/ Friday 28 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија претстави нова публикација со наслов: „Компаративна анализа на политичкото рекламирање во медиумите“. Автори на оваа публикација се Снежана Трпевска и Насер Селмани, а во неа на компаративен начин се разгледува регулативата за политичкото огласување во медиумите во неколку европски земји и во Македонија.

Анализата се обидува да ги пренесе најдобрите европски стандарди и да ја запознае јавноста во Македонија со правните системи на развиените демократии во Европа кои не дозволуваат политичко огласување во радиодифузните медиуми. Целта на анализата е да поттикне јавна расправа за аргументите кои ги користат развиените демократии и Европскиот суд за човекови права при оценката на негативното влијание што политичкото огласување може да го има врз јавната сфера, новинарството и, генерално, врз слободата на изразувањето во Македонија.

Оваа анализа е изработена со финансиска поддршка на Фондацијата Конрад Аденауер и Европската Унија во рамките на проектот „Регионална платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и заштита на новинарите“.

Целата анализа можете да ја прочитате тука.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin