Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Потсетување за рокот за кандидирање за Изборното собрание на ЗНМ

ZNM
Monday 10 December, 2018Monday 10 December, 2018/ Monday 10 December, 2018

Здружението на новинарите на Македонија ги потсетува своите членови дека остана уште малку време за да се кандидираат за една од позициите во раководните тела на ЗНМ: Претседател на Здружението, Управен одбор, Надзорен одбор и Совет на честа.

Кандидатурите за Претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 12 декември (среда) 2018 година во канцеларијата на ЗНМ, испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. Градски Ѕид Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk.

За Претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку 10 (десет) редовни членови и има осумгодишно работно искуство. За да се кандидирате треба да доставите пријава со ваши податоци, која ќе содржи и име, презиме и потпис од десет редовни членоци на Здружението, а препорачуваме да доставите и програма за работење која потоа ќе биде објавена на сајтот на ЗНМ.

За членови на Управен одбор, Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од 5 (пет) членови на ЗНМ. За кандидирање за една од овие позиции исто така треба да се достави пријава со ваши податоци и позицијата за која конкурирате, а кандидатурата треба да биде подржана од 5 редовни членови на ЗНМ.

За членови на Советот на честа кандидирањето е можно по принцип на: самокандидирање со поддршка од 5 редовни члена и кандидирање по предлог од најмалку 3 редовни члена. Кандидатурата исто така се врши преку поднесување на изјава.

Сите кандидати и новинари кои сакаат да го остварат правото на глас треба да ги имаат подмиренo своите обврски кон ЗНМ.

Пријавата за една од горенаведените позиции можете да ја преземете од овој линк.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin