Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Поддршка од ЕФН за ЗНМ околу измените во Изборниот законик

ZNM
Tuesday 14 August, 2018Tuesday 14 August, 2018/ Tuesday 14 August, 2018

Европската федерација на новинарите (ЕФН) изразува силна поддршка на ставот на Здружението на новинарите на Македонија и другите медиумски организации – Самостојниот синдикат на независни новинари, Советот за етика во медиумите на Македонија, кои се спротивставија на последните измени на изборната регулатива.

Според ЕФН, апсолутно е оправдана критиката што еснафските здруженија ја упатија во врска со новите законски решенија. Измените овозможуваат мешање на властите во слободата на медиумите и независноста на уредувачката политика за време на изборни кампањи.

„Овие штетни измени на Изборниот законик не придонесуваат во ситуација кога имаме блокирани медиумски реформи и несомнено ќе влијаат и во работата на медиумите и во севкупниот демократски амбиент за време на предизборните кампањи во негативен правец“, се вели во соопштението на ЕФН.

Европската федерација на новинарите реагира и дека со една од измените Државната изборна комисија се овластува да ги регистрира и да го следи известување на онлајн медиумите за време на изборите. Покрај ова, предвидени се и казни до 4.000 евра за неизбалансирано или пристрасно известување во медиумите.

Print Friendly, PDF & Email
Facebooktwittergoogle_pluslinkedin
Ознаки: