Здружение на новинарите на Mакедонија
Членка на Mеѓународната федерација на новинари IFJ
Основано 1946

Повик за членови на ЗНМ за препорака за советите на АВМУ и МРТ

ZNM
Tuesday 5 February, 2019Tuesday 5 February, 2019/ Tuesday 5 February, 2019

Здружението на новинарите на Македонија ги повикува сите свои активни членови кои се заинтересирани да добијат препорака од Здружението да аплицираат за кандидатури за:

– член на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

– член на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ)

За таа цел треба да се достави пријава на електронската пошта на Здружението на новинарите на Македонија (contact@znm.org.mk)

Пријавата треба да се состои од:

  1. Кратка биографија,
  2. Писмо за мотивација и
  3. Програма за работа во Советот на АВМУ односно во Програмскиот совет на МРТ

Крајниот рок за доставување на пријавите е 15.02.2019 најдоцна до 12:00 часот. Во предметот на пријавата треба да е нагласено: За пријава за член на Програмскиот совет на МРТ или за Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Секој кој ќе аплицира ќе добие повратен одговор во рок од 12 часа по доставување на пријавата дека истата е пристигната. Доколку не добиете повратен одговор во предвидениот рок, ве молиме да не контактирате на нашиот телефонски број 02 3298 139.

Управниот одбор на ЗНМ ќе донесе конечна одлука во однос на тоа кои членови ќе добијат препорака најдоцна до 20.02.2019.

Копија од конкурсите за членови на Советот на АВМУ и за Програмскиот совет на МРТ, објавени во дневен весник се достапни на следниот линк.

05.02.2019 година, Скопје

Print Friendly, PDF & Email

.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedin